Нимиц како метеоролог, го информирал Коѕиас за климата во Македонија

Нимиц како метеоролог, го информирал Коѕиас за климата во Македонија

На денешната средба во Брисел шефот на грчката дипломатија и посредникот на ОН во спорот за името имале интересни и сериозни разговори.

„Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, по  средбата со  Метју Нимиц во Брисел.

– Го информирав за тоа што ние мислиме по средбите што ги имавме со новата влада на нашиот северен сосед. Се согласивме да останеме во контакт и да бараме начини со кои можеме да отвориме процес за пронаоѓање решение – рекол Коѕиас.

Според грчкиот претставник Македонија допрва треба да докажува дека има простор за напредок. Со други зборови, тој испрати уште една порака дека без прифаќање на грчката позиција за едно географско име за сите употреби ќе нема напредок во спорот за името.

На новинарско прашање дали има индикации за добра волја од страна на Владата во Скопје, шефот на грчката дипломатија одговорил дека има комуникација но Скопје треба да го покаже тоа во практика.

– Комуникативно – да, а суштински дали има, треба да покажат – изјавил Коѕиас.

Оставете коментар