Газпром ја започна изградбата на вториот дел од “Турски тек”, пишува весникот Ведомости повикувајќи се на еден од изведувачите и федералните власти во Русија.
Според извор на дното на Црното Море веќе го поставени меѓу 20 и 25 километри цевки. Работите ги извршува швајцарската компанија брод “Olsiz”, која го доби тендерот на Газпром за поставување на цевки под вода, пишува и Спутник.

Според сведоци бродот се наоѓа во близина на селото Мали Утриш и во последните неколку дена се движи со 0,1-0,15 јазли на час и тоа по траекторијата каде што претходно бил поставен првиот крак на “Турски тек”, што е приближно со брзината потребна за инсталирање на цевките.

 Официјалниот претставник на руската компанија Сергеј Купријанов изјави дека Газпром во моментов врши подготвителни работи за продолжение на гасоводот “Турски тек”.

“Ние одамна направиме два тунела и провлековме цевка низ нив. Никој не беше возбуден тогаш околу тоа, а не би требало ни сега. Во тек се подготвителните работи меѓутоа за поставување на вториот крак може да зборуваме кога се ќе дојде до турскиот брег, а потоа ќе сврти на другата страна”, рече Купријанов.

Рускиот министер за енергија Александар Новак, претходно на 10. јули соопшти дека се изградени околу 50 километри од гасоводот под Црното Море.

Спутник потсетува дека гасоводот “Турски тек” предвидува изградба на два правца, еден за потребите на Турција, и друг која ќе оди кон Европа.