И Македонија е таргет, ИСИС има 173 камиказе – самоубијци

Меѓународната полициска организација Интерпол циркулира листа од 173 осомничени членови на ИСИС кои што се дел од самоубиствена бригада чија цел е да спроведе терористички напади во Европа.

Сите членови на камиказе групата се увежбани да извршат самоубиствени напади во знак на одмазда за поразите на Исламската Држава во Сирија и Ирак, пренесуваат западните медиуми.

Интерпол листата ја добил од САД чии служби ја откриле за време на операции во Сирија и Ирак. Според проценките самоубијците ќе се обидат да ги извршат нападите сами за да не бидат сомнителни за службите за безбедност во Европа. Нивното пристигнување се поврзува со целосно уништување на „Исламскиот Калифат“.

Засега нема докази дека некој од луѓето на листата пристигнал во Европа но Интерпол е во комуникација со своите членки за да добие повеќе информации. Листата на 27 мај била испратена до сите членки на организацијата а со неа се испратени и информации дека цел на самоубијците е да направат експлозивни направи и да предизвикаат смрт и повреди.

Листата првично американските разузнавачи ја дале на ФБИ по што американците ја поделиле и Интерпол. Во неа покрај имињата на самоубијците има и податоци за датумот кога се регрутирани од ИСИС, последна адреса и име на џамија во која се молеле додека војувале, мајчино име  и фотографија.

Интерпол од националните партнери бара информации со кои може да се дојде до имињата на листата како и други податоци за нивно откривање, пишува британскиот весник Гардиан.

Во 2015 година според ОН во ИСИС во Сирија и Ирак имало 20 илјади странски борци од кои 4000 биле од Европа. Меѓу нив досега западните служби немале потврдени случаи на борци кои што се потенцијални самоубијци.

Во неколку наврати одделот за пропаганда на ИСИС најавуваше дека наскоро Балканот ќе биде мета на одмазда на ИСИС а Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија се сметаат за потенцијални цели на терористите на исламската држава поради огромниот број на борци кои што од овие држави заминале во Сирија и Ирак.

Одличната мрежа за логистика во овие земји и слабите капацитети за справување со тероризам што е потврдено и со последните американски извештаи го прави регионот идеална цел за ИСИС кој во случај да не може да стигне до западно европските земји ќе таргетира цели кои што се сметаат за симбол на соработка со НАТО, ЕУ  и САД кои што се дел од анти – ИСИС коалицијата во Ирак и Сирија.