Англискиот актер во септември ќе го режира новиот филм кој всушност е биографска драма за рускиот балетан Рудолф Нуреев. За таа цел Ралф Фајнс (54) ги одбрал Риека и други локација на Истра. Оскаровецот беше во јуни во Хрватска во потрага по места за да го снима филмот. Тој е воодушевен од локалните пејзажи и архитектура, а особено беше воодушевен од Бриони. Во оваа пригода тој се сретна и со Раде Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички.

Оскаровецот е восхитен од сценарио на Дејвид Хер за биографскиот филм за советскиот балетан Рудолф Нуреев, кој бил и директор на Париската опера. Филмот е приказна за балетскиот живот кој Нуреев го оставил зад себе во родната Русија.

Нуреев во 1961. година побегнал од Советскиот Сојуз во странство каде што се прославил. Го нарекувале “господар на танцот” и бил сметан за еден од најталентираните машки танчери. Нуреев во филмот ќе го толкува рускиот балетан Олег Ивенко.

Филмот освен на двете локации во Хрватска, ќе се снима и Санк Петербург и во Париз.