Експедицијата на Шкендија замина за Литванија на првото соочување од третиот круг во Лига Европа. Тетовци утре од 18 и 30 играат со анонимниот Тракаи кој во претходната рунда го елиминира далеку позвучниот Норчепинг.

Шкендија не знае за пораз ова лето и со три победи и едно реми беше убедлив со Дачија и Хелсинки, па во новиот меч влегува со амбиција да остане во второто континентално натпреварување и за четвртото коло. Колку тоа зависи од гостински дуел, толку ќе се решава и на возвратната во Струмица, но од витална важност би било Шкендија утре да не загуби кај Тракаи.