Кабина од многу популарната жичарница е причина за вистинска драма на повеќе од 100 туристи кои останале заробени во воздух. Се се случило кога кабината удрила во носечки столб, па патниците останале да висат над реката Рајна

Во германскиот град Келн во моментот на несреќата во функција биле 32 кабини. Спасувачката акција траела неколку часа, во инцидентот нема повредени при интервенцијата на пожарникарите кои со мобилен кран ги спуштале патниците од кабините на безбедно.