Бен Афлек и неговата 37 годишна девојка Линдзи Шокус на ниту еден начин не ја кријат врската и дека се заљубени. Во добро расположение, двојката го следеше натпреварот помеѓу Надал и Андерсон во финалето на Флешинг Медоу, а со многуте насмевки разменија и неколку бакнежи.

Додека поранешниот сопруг Бен ужива со нова девојка, неговата животна партнерка од пред некое време, Џенифер се грижи за своите деца. Таа во моментов има доста филмски обврски, а една од нив е работата на анимираната телевизиска серија за деца „Llama Llama“ во која актерката го позајмува својот глас.

Но Гарднер секогаш е на располагање на децата, па мораше да најде време да ја однесе најмладата ќерка, осумгодишната Серафина на обука за качување во „Rockreation Center“ во Лос Анџелес.

Џенифер Гарнер, се разведе од актерот Бен Афлек на крајот од април. Тие беа во брак  од 2005 година, и имаат две ќерки и еден син.