Рускиот претставник во групата Л и противник на нашиот Вардар во утрешниот старт (21.05) од групниот сегмент во второто клупско фудбалско натпреварување на Стариот континент пристигна, се смести и тренираше во Скопје. Пред да го почувствуваат теренот на нашата најголема арена тренерот Роберто Манчини и Александар Јоров како дел од играчкиот состав на прес посакаа да постигнат гол.

„Сите играчи се подготвени за утрешниот натпревар освен Перез и Шахов, кои се повредени. Го анализиравме Вардар, ќе биде тешко, особено на првиот натпревар, нивна силна страна е одличната одбрана. Не мислам дека за нас е проблем тоа што Вардар во овој натпревар влегува без можност да загуби нешто, натпреварот против Динамо беше само еден лош ден на нашите играчи. Нашата цел во овој натпревар како и секогаш ќе биде победа“, изјави Манчини.
„Во натпреварот против Вардар влегуваме со голема доза на сериозност, ја анализиравме играта и пред нас имаме одличен тим. По повредата успеав да се рехабилитирам и да се вратам на теренот“, изјави Александар Јорков.

Оставете коментар