Воденичаров: Воведувањето на албанскиот јазик во Македонија е изнасилено

Поранешниот претседател на Бугарската академија за науки (БАН) и екс-министер за образование, Стефан Воденичаров, вели дека сега постои едно многу важно прашање со кое се соочува Македонија – воведувањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик во земјата.

Барањето е малку „изнасилено“ и ќе уништи голем дел од она што е постигнато во Македонија, вели Воденичаров за Actualno.com.

Кога ова прашање ќе биде решено, на ред ќе дојде и Договорот за добрососедство со Бугарија кој треба да биде одобрен во македонскиот парламент.

Тој Договор со Македонија ќе се спроведе тогаш кога не само политичарите, туку и кога и луѓето ќе почнат да разговараат меѓусебно, а економскиот живот меѓу двете земји ќе почне да се развива.

Тој смета дека не треба да се турка историјата и македонскиот јазик во основните прашања за односите со Скопје.

Не може на човек на над 20-годишна возраст да му се промени начинот на размислување. Ако сакаме со овие луѓе да работиме заедно, не треба постојано да се вртиме назад, туку  треба да поставиме заеднички цели за иднината за да одиме напред.

Овие прашања треба да се дискутираат и ќе дојде до некакво заедничко мислење, но треба да помине време, вели академикот.

Воденичаров е категоричен дека продолжувањето на културната соработка меѓу Бугарија и Македонија е патот по кој треба да се оди, бидејќи само преку културата може да се промени размислувањето.

 

 

 

Оставете коментар