Македонија меѓу петте главни трговски партнери на Бугарија

Турција, Русија, Кина, Србија, Македонија и Египет станаа главни трговски партнери во Бугарија во јули, годинава.

Во периодот од јануари до јули 2017 година, извозот на Бугарија во трети земји се зголеми за 18,9 насто во споредба со истиот период минатата година, додека увозот – за 29,9 проценти. Ова се податоци на бугарскиот Национален институт за статистика.

Главните трговски партнери на Бугарија – Турција, Руската Федерација, Кина, Србија, Македонија и Египет, учествуваат со 51,1 проценти од извозот во трети земји. Само во јули бугарскиот извоз во трети земји се зголеми за 8,1 насто во споредба со истиот период минатата година. Најголем обем на увоз на стоки во Бугарија од Русија, Турција, Кина и Србија, додека само во јули се зголеми за 20,1 насто.

Оставете коментар