АМС ги скара: Каратистите не ја признаваат наградата „8 септември“?

Најголемата и најважната награда во македонскиот спорт која се доделува на денот на нашето осамостојување предизвика бура од реакции во еден од петте спортови кои беа застапени во овогодишното одделување на најистакнатите. Проблем е селекторот Петар Белистојановски која како претставник на каратето беше меѓу одбраните заедно со Ристо Магдинчев (ракомет), Александар Коцевски (пливање) и Ѓокица Николовски (кајак), за остварувања во областа на спортот, како и наградата за животно дело на Иван Кочовски (шах).

Најбурна и најотворена реакција до медиумите испрати Карате клубот Металург кој спори со одлуката на Агенцијата за млади и спорт и смета дека станува збор за измама.

Пренесуваме делови од соопштението на КК Металург.

„Пред се би сакале да кажеме дека карате спортот со своите постигнати резултати во сите конкуренции во изминативе години несомнено заслужува вакво државно признание кое веќе по вторпат се доделува на стручно лице од карате спортот. Прашањето кое го поставуваат добрите познавачи на карате спортот е дали овогодинешната награда е отидена во вистински раце?

Досега Петар Белистојаноски со резултатите кои ги постигнал ниеднаш не е проглаен за најдобар односно најуспешен тренер во КФМ. Ќе дадеме преглед уназад 10 години со кој се потврдува претходно изречената констатација.

Овој предлог и доделување на  наградата 8-ми Септември на Петар Белистојаноски народно речено е измама на спортската јавност во Република Македонија и безмилосно крадење на трудот од тренерите во клубовите а во режија на ИО на КФМ за што некој секако треба да понесе одговорност.

Спортски поздрав!

Карате клуб Металург

Претседател

Дипл.екон. Снежана Сиљановска

Оставете коментар