Хадсон, која  беше на насловната страница на октомвриското издание на списанието Космополитен, своето гостување го заврши со мини тест во списанието. Едно од прашањата беше „Она што сте го направиле, а што сметате дека е најмногу мрзливо“, на што актерката одговорила „царски рез“.

Коментарите на социјалните мрежи, претежно од жени се дека царскиот рез не е мрзеливост и дека се разочарани од познатата актерка.

Нејзиниот хумористичен одговор не помина добро и со нејзините обожавателите, кои ја критикуваа на социјалните мрежи. Еден од коментарите беше дека се надеваат дека е свесна за тоа колку погрешила и дека жали за тоа

Мајките кои ја прочитаа оваа шега ја сватија Кејт и премногу сериозно, а групата навредени воопшто не е мала. Имено статистичките податоци велат дека 32 отсто од жените во САД се породени со царски рез.