Со билборди против преговори за промена на името

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП0 започна кампања „Нашето име е Македонија“, преку која се бара веднаш да престанат расистичките, како се наведува и антимакедонски преговори за името.

Билборди со ваква порака се поставени во Скопје, Битола, Тетово, а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, огласи во весници и на интернет, прес-конференции и стотици илјади летоци.

ММДЧП ги повикува сите Македонци, но и другите кои ги поддржуваат најосновните човекови права, да се придружат на нашиот повик. Бараме македонските организации да се огласат со изјави во поддршка на нашата кампања и да направат притисок Македонија веднаш да ги прекине преговорите за името.

На билбордите ММДЧП, го поставува прашањето „Кој ви даде право да преговарате за моето име и идентитет?“

Од движењето потсетуваат дека специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, изјави на македонски, американски и европски политичари се гледа дека се преговара токму за македонското име и идентитет.

ММДЧП повторува дека граѓани и политичари немаат право да преговараат за вековниот национален идентитет.

Од Движењето потсетуваат на една наводна изјава на Метју Нимиц дека доколку бил Македонец, немаше да преговара за името.

Оставете коментар