Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во заеднички го отворија саемот на книгата во Франкфурт, истакнувајќи ги силните културни врски меѓу Германија и Франција.

На овогодинешниот саем на книгата ќе присуствуваат околу 6900 излагачи и околу 7300 издавачи од повеќе од 100 земји, а организаторите очекуваат повеќе од 270.000 посетители.

Макрон ја нагласи важноста на културата за развој на Европа.

Европа е ништо без култура. Книгите се најдобро оружје против оние кои се обидуваат да изградат ѕидови меѓу луѓето и оние што сеат нетолеранција“, рече тој.


Меркел и Maкрон по церемонијата на свеченото отворање го посетија штандот за печатење на печатарската преса „Гутенберг“ и заеднички ја испечатија првата страница на Законот за правата на Обединетите нации.

Оставете коментар