Познатиот фудбалер Дејвид Бекам остави голем белег во спортот, односно фудбалот. Големиотот играчки успех е зад него, но очигледно напорот се исплатеше, бидејќи сумата што ја заработува и сега, и тоа на дневна основа и откако е пензиониран, е речиси неверојатна.
Бекам, кој се повлече од терените во 2013 година, од повеќе вносни договори за рекламирање или носење и користење на одредени производи заработува околу 34.000 фунти или околу 40.000 евра и тоа секој ден. Со едноставна пресметка се доаѓа до заклучок дека на Англиската фудбалска икона и се собираат околу еден милион евра месечно.


И тоа не е се зошто Бекс заработува благодарение и на еднократни спонзорски договори, но исто така и како заштитно лице за некои компании. Од друга страна, за да ја спаси новата модна колекција неговата сопруга Викторија неодамна позајмила околу осум милиони евра од него, што главата на семејството Бекам ќе ги заработи за околу осум месеци и тоа како пензионер.

Оставете коментар