Циронките е специјалитет од риба присутен само во југозападниот дел на Македонија, особено во близина на Преспанското езеро и селата Стење и Коњско. Рибата која се користи за овој специјалитет е белвица (alburnus аlburnus белвица).

Потребни состојки:

-300 гр. циронки (сушени преспански белвици)
-100 гр. масло
-буковска пипер
-сушено нане

Начин на подготовка:

Испечете ги циронките на плотна oд шоретот сосема малку и ставете ги веднаш во топла вода. Оставете ги да вријат во водата се додека не oмекнат. Ставете ги во цедилка да се процедат од водата, отстранете им ги главите и ставете ги во чинија, прелијте ги со масло, буковец и сушено нане. Измешајте дoбро и служете.

Оставете коментар