Артичоката е извонредно хранлива билка, која во себе содржи безмалку сѐ што може од хранливи и корисни материи .

Артичокот е одличен извор на фолна киселина, а ги содржи и витамините Ц и К. Од минералите артичоката е богата со бакар, магнезиум и манган.

Артичоките потекнуваат од медитеранот каде што има најмал процент нa хронични болести и каде што често се прославува 100-ти роденден .

Висок холестерол, проблеми со црниот дроб, бубрезите, дебело црево … решение АРТИЧОКА

Артичоката се користи за стимулација на протокот на жолчката од црниот дроб и од ова се верува дека помага во намалување на симптомите на изгореници од сонце и мамурлакот предизвикан од алкохол.

Моќната артичока го намалува апетитот и помага во проблемите со варење на храната

Најдобра е за трајно решавање на проблемите со хронични воспаленија на црниот дроб, бубрезите, за лекување на жолчното ќесе.

Цинаринот и флавоноидите,вклучувајчи го и лутеолинот, се силни антиоксиданси кои можат да помогнат во превенција на оштетувања на црнодробните ќелии.Совршен избор за дијабетичари.

Артичоката значително помага при активноста во чистење и детоксикација во лечење на артритис и реуматизам. Нејзината диаретска активност може да помогне во ублажување на проблемот на уринарниот тракт. Помага и во лекувањето на лицата кои страдаат од синдром на иритабилен колон.

Таа е најсилниот сојузник на диетите кој ги намалува килограмите и е совршен додаток кој дополнително помага во антицелулитните масажи за убава и сјајна кожа.

Оставете коментар