Манојловски: Легализација на геј-браковите за 6-12 месеци

Пратеникот на ДУИ, Бранко Манојловски, најави легализација на хомосексуални бракови во Македонија за шест до 12 месеци по локалните избори, повикувајќи се на ветувањето од лидерот на својата партија Али Ахмети.

„Од албанските партии разбирање за ЛГБТ-заедницата покажа само ДУИ, па затоа сум и дел од оваа партија. Имам силни ветувања од претседателот Ахмети дека 6 до 12 месеци по локалните избори ќе бидат легализирани геј-браковите. Имам доверба во Ахмети, бидејќи тој се држи до зборот што го дава“, е изјавата на Манојловски што ја пренесува порталот на албански јазик „Лајмпрес“.

Најстариот пратеник во македонското Собрание со своите 76 години, кој се идентификува себе си како православен Албанец, е познат по своите заложби за признавање на истополовите бракови.

 

 

Оставете коментар