Жозе Мурињо ќе добие понуда за продолжение на договорот од Манчестер Јунајтед со кој ќе се изедначи со примањата на најплатениот тренер во Премиер лигата Пеп Гвардиола. Португалецот треба да потпише пет годишен договор вреден 65 милиони евра, или 13 годишно, или по 250 илади евра неделно.

Тоа сепак, е се уште далеку од најплатениот во светот Марчело Липи кој како селектор на Кина заработува 25 милиони долари годишно.

Оставете коментар