За бугарските лебари сме „западна Б’лгарија“

Ваква етикета има на пакување на леб што се дистрибуира по сите бугарски хотели и е во слободна продажба, пишува наша сограѓанка, која за ова се обидела да ги алармира и македонските авторитети.

Досега не добила никаков одговор, немало никаква реакција и очигледно никој не протестирал до властите во соседството зошто некој производител на леб решил да ја нарекува Република Македонија „западна Б’лгарија“.

Ваквите етикети, тврди нашата сограѓанка, се печатат уште од периодот по 2000 година.

„Се прашувам дали никој и никогаш не бил во Бугарија и не купил леб, каде што пишува под знамето на Македонија, ЗАПАДНА Б`ЛГАРИЈА…“, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

Оставете коментар