Името било меѓународно, а не билатерално прашање!

Да не бараме алиби во Грција за неприклучување на БЈРМ кон Европската унија, изјави денес Манолис Кефалојанис, европратеник од Нова демократија на состанокот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Тој рече дека „Европската унија секогаш била посветена на процесот на пристапување кон земјите од Западен Балкан, „се разбира, и при пристапувањето на вашата земја“ во одговорот, како што пренесуваат грчки медиуми, до македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров,.

Предуслов е исполнувањето на копенхашките критериуми за демократија, човековите права и владеењето на законите, вели тој.

Кефалојанис вели дека новата влада на Скопје покажува знаци на напуштање на непотребната неодговорна политика која го користела прашањето за името како средство за неодговорни и фалсификувани територијални претензии.

Прашањето за името не е билатерално прашање, рече Кефалојанис. Тоа е меѓународно.
А, тоа било јасно дефинирано, прво, во резолуциите на Обединетите нации 817 и 845 од 1993 година, со Времената спогодба од 1995 година. И трето, со одлуката на НАТО од Букурешт во 2008 година за вклучување на Скопје во Северноатлантската алијанса, за што предуслов е решавање на проблемот со името.

Па, вели Кефалојанис, „да не бараме алиби во Грција за неприклучување кон Европската унија“.

Оставете коментар