Еминем со македонска порака до Трамп, велешките хакери славни во Америка

Славниот рапер Еминем користеше македонска порака за оштро да го нападна американскиот претседател Доналд Трамп во своето видео, емитувано на доделувањето на хип-хоп награди, кое се одржа во Мајами.

Еден малку видлив  момент од спотот, во кој Еминем рапува опкружен со група рапери од Бафало и од Атланта, е интересн и за Македонците.

Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј на спотот се појавуваат облечени во дуксери со натпис „семоќниот“ на македонски јазик.

Пораката што во себе ја содржи зборот „Семоќни“ е поврзана со Велешките хакери кои што според голем дел од американската јавност со ширење на лажни вести за Хилари Клинтон за време на кампањата за претседател на САД помогнаа да победи Доналд Трамп.

Еминем со оваа порака на македонски јазик сака да укаже дека користењето на лажните вести не го прави Трамп семоќен и дека тој е одговорен за тоа.

Во дел на спотот на Еминем се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс“, објави и фотографија од снимањето на спотот, на која Еминем стои до раперите со натписот „семоќниот“.

– Расизмот е единственото нешто во коешто е фантастичен – рецитира Еминем.

Најпродаваниот рапер во историјата го обвинува Трамп дека е „камиказа што веројатно ќе предизвика нуклеарен холокауст”, како што се вели во четири и полминутниот рап-говор, во текот на кој неколку пати го навреди Трамп.

Оставете коментар