Стотици илјади луѓе во ЕУ гинат од аерозагадување, Македонија во опасната зона

Вкупно 428,000 Европејци од 41 земја починале како резултат на болести причинети од загадување на ситни честички во воздухот во 2014 година, објави Европската Агенција за животна средина.

Од нив речиси 400 илјади се жртви на загадувањето во членките на ЕУ а нешто повеќе од 28 илјади се од земјите кои што не се членки на ЕУ а меѓу нив се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција и Молдавија.

Најчести причини за смрт предизвикана од аерозагадување се срцеви и мозочни удари кои што причинуваат 80 % од сите смртни случаи а загадувањето предизвикува и респираторни болести и рак а има влијание и на дијабетисот, Алкцхајмер и проблеми во бременост.

Двете главни локации за ПМ2.5 се Полска и Северна Италија каде што десетици градови имаат над 25 микрограми на кубен метар. Најлошто е во градот Краков каде што имало вредност од 44 микрограми ПМ2,5 а во Македонија е измерено 40 микрограми. Милано, Падова, Бреша, Венеција и Торино се меѓу најзагадените градови.

Според агенцијата најмногу починати според бројот на жители од ситни честички во воздухот има во Бугарија каде што во 2014 година се регистрирани 13, 620 смртни случаи како последница на болести од овој тип.

Кај источниот сосед пред три години 740 луѓе загинале од болести предизвикани од превисоко ниво на Нитроген Диоксид во атмосферата а уште 200 починале поради штетно влијание на озон.

Според Европската агенција во 2014 година има намалување на бројот на починати од овие причини а најголемата смртност е забележана во земјите со најголем број на жители Германија, Италија, Полска и Франција.

Најштетно влијание на загадувањето има во Централна и Источна Европа каде што е највисока концентрацијата на опасните елементи.

Меѓу земјите кои што имаат најзагаден воздух се Бугарија, Косово, Македонија, Полска, Србија и Унгарија.

Оставете коментар