ЕУ да зборува со Грција и Кипар, проблемот со името е од унијата

Македонија и Албанија ќе бидат делумно и обесхрабрени на патот кон ЕУ, тврди професорот Дејан Јовиќ од Факултетот за политички науки во Загреб кој е член на „Советодавната Група за Европски политики“ и поранешен советник на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Според него освен Србија и Црна Гора кои што веќе почнаа со преговори за членство во ЕУ останатие земји пред се Албанија и Македонија кои што се специфични, ќе бидат обесхрабрени на патот кон ЕУ.

„Кај Македонија спецификата е поврзана со нерешеното име на земја кое што сегашната влада се обидува да го реши  или барем најави дека ќе се обиде да најде компромис. Но ако ЕУ е сериозна и навистина сака да ја употреби својата моќ треба да разговара со своите две членки Грција и Кипар кои што прават проблем за Македонија, затоа што проблемот произлегува од самата ЕУ. Во таа смисла ЕУ има еден вид одговорност“, вели хрватскиот професор за порталот Европски Западен Балкан.

Тој смета дека годината 2025 која што Јункер ја спомена како датум кога следните земји ќе станат членки на ЕУ не треба да се доживува како обврзувачки затоа што некои земји ќе станат членки порано некои подоцна, но позитивно е што сепак унијата дава некаква временска рамка.

За него периодот од 8 години што го дава Јунер е реален затоа што за две или три години не може да има сериозен напредок.

 

Оставете коментар