Зошто го „славиме“ Петок 13-ти

И официјалната психологија признава дека постои неоснован страв од овој датум наречен паераскевидекатриафобиа.

Не е празник, но секоја година коинциденцијата на „баксузниот“  13 ден во месецот со денот од неделата петок, како што е денес, создава паника кај добар дел од популацијата во Западниот свет.

Главно, се работи за суеверие, дека бројот 13 сам по себе носи несреќа, а дека денот петок воопшто не може да се третира за позитивен.

За македонски прилики, ова последното е сосем погрешно имајки предвид дека, дека пазарен ден во Македонија е главно петок, по пазарното „загревање“ во вторник.

Но, духот на европските вредности, дури кога се во прашање нивни локални стравови, се презема и во Македонија и тоа од новинарите кои, нели, би требало да бидат оној општествен сталеж кој пропагира критичен и едукативен однос кон стварноста: доказ за тоа е ф актот дека сите, или речиси сите медиуми кои во последните две и повеќе децении почнаа со работа, за ден на стартот ги земаа среда или сабота. Заради почетната буква „с“ што би требало да им носи среќа.

Голо суеверие стои зад „петок 13“, за што најмногу придонесе филмската индустрија и режисерот на хорор-спектакли, американецот Карпентер кој се надмина и севбеси во создавањето ефтини филмови базирани на шокирање и заплашување на публиката.

Историски, „петок 13-ти“ се врзува само за  13 октомври 1307 година, кога по наредба на францускиот крал Филип  Петти биле уапсени и елиминирани илјадници темплари.

Затворениците биле подложени на големи мачења, биле прогласени за еретици и на крајот егзекутирани за разни наводни прекршоци кои биле во спротивност со црквата во Рим.

Но, историчари тврдат дека „петок 13-ти“ таа година воопшто немал никакво друго значење, освен „бизнис димензијата“ која му овозможила на Филип Убавиот, да го грабне богатствотона темпларите стекнато низ децении војни за ослободување на Гробот на Исус на Блискит Исток.

Низ вековите, датумот добил негативно значење: Трагачи по возбуди и теории на заговор тврдат дека и лондонскиот убиец на проститутки, познатииот Џек Мевосек, во англиското спелување (Jack the ripper) имал 13 букви во името и презимето. Авио-компании и респектибилни хотели немаат седиште и соба под тој број… се јавуваат кога авионски несреќи, урагани, земјотрси и пожари се случуваат на тој ден…

Навидум, тоа е само суеверие.

Но, страв од „петок 13-ти“ е официјално признат и од психолозите и се вика „параскевидекатриафобија“.

Што претставува кованица на грчките зборови „параскеви“ што значи петок и од бројот 13 кој на грки се изговара „декатриа“.

Нема многу информации околу оваа болест која спаѓа во признатите покрај „акрофобија“ (страв од височина) , агарофобија (страв од отвоворен простор), еритро фобија (страв од црвење – срам), катарофобија (страв од нечистотија)…

Кованицата „paraskevidekatriaphobia” ја наметна д-р Доналд Досеј, кој на своите пациенти им препорачува дека „ќе се излекувате, кога ќе научите да ја изговорите дијагнозата – параскевидекатриафобиа.

Оставете коментар