Досегашниот градоначалник на Карпош Стевчо Јaкимовски во обраќање до јавноста рече дека до овој миг не се преброени сите гласачки ливчиња, но дека разликата е голема во полза не неговиот противкандидат.
Според него, се случувале чудни работи во Карпош, но дека сепак, граѓаните, како што додаде, се определиле за „приказните“, а не за делата што тој ги направил во минатите два мандата.
Ако продолжи овој тренд Стефан Богоев од СДСМ ќе оствари победа во првиот круг од локалните избори во општината Карпош.