„Го повикуваме Никола Груевски да си поднесе оставка и да овозможи низ демократски конгрес на партијата, членовите слободно и демократски да го изберат сојот нов лидер“, изјави Александар Михајлоски на прес конференцијата организирана од страна на републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Групата која до сега беше малубројна вечерва во Скопје, со униформирана облека беше и далеку побројна.

„Никола Груевски не ја препозна историската димензија на внатрепартиската иницијатива, со цел да овозможи реформи во партијата и таа да може да влезе многу попоготвена на овие локални избори. Баластот кој го носеше на партијата се виде на изборниот резултат. И покрај тоа што членовите масовно се приклучуваа на внатрепартиската иницијатива и пораките беа јасни дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се реформира, пораките беа игнорирани и своеволно одлучи партијата да ја однесе во овој срамен пораз“, изјави Александар Михајлоски.