Руски експерт: Иванов уценет со поделба на Македонија

„Невидливоста“ на македонскиот претседател Ѓорге Иванов по кулминацијата на кризата во земјата со инцидентите во Собранието на 27 април се должи на уцена со распарчување на државата, тврди руски експерт.

„Западот ги користи Албанците како инструмент за притисок врз Ѓорге Иванов. Всушност, тој е цел на груба уцена од Вашингтон и од Брисел. Претседателот е принуден да избере помеѓу опасноста од поделба на Македонија – а таквата закана САД можат да ја остварат во секое време – и послушно да ги исполни задачите од Вашингтон“, пишува Игор Пшеничников од Руски институт за стратегиски студии (РИСИ) во подолгата анализа за РИА Новости, насловена „Како НАТО го окупира Балканот: сега Алијансата ја вовлекува Македонија“.