Сведок: Зврлевски си оди, во ЈО нема кој да работи

Во Јавното обвинителство на Македонија владее паника откако стручните служби сфатиле дека 40 стручни соработници, со договори за вработување на 6 месеци, од 1 јули остануваат на улица со што ќе се блокира и работата на обвинителствата, пишува порталот Сведок.мк.

Најалармантна била ситуацијата во ОЈО Скопје, од каде што ќе заминат над 20 стручни соработници, или како што велат, обвинителството ќе остане без „работниците“.

Станува збор за релативно млади луѓе кои волонтирале низ обвинителствата кои биле вработени на одредено време, со согласност на Министерството за финансии.

Овие стручни соработници, кои за 15-тина дена остануваат на улицa, во овој период ги работеле предметите, воделе истрага, сослушувале странки, или ја завршувале половина од работата на обвинителите, до фаза на обвинение. пишува сведок.мк

Министерството за финансии кое нема законска можност да дозволи продолжување на вработувањата, треба да утврди и кој, спротивно на закон ја дозволувал незаконската постапка на Јавниот обвинител.

 За разлика од судството во владата сосема друга приказна. Таму во последните две недели од владеењето на екс владата биле вработени 80 луѓе меѓу кои и соло пејачи.