Вечерва се доделуваат наградите за најдобрите кошаркари во сезоната 2016/17 година во американската кошаркарска лига. Покрај сите индивидуални награди, беше прогласена и идеалната петорка на новаци во НБА, а интересен е фактот дека четворица од избраните се странци.

Со максимален број гласови по 100, завршија Американецот Малком Брогден од Милвоки и Хрватот Дарио Шариќ од Филаделфија.

Со 82 гласа место во идеалниот руки тим е  Камерунецот Џоел Ембид од Филаделфија, а петорката ја дополнува со Биди Хилд од Бахами односно Сакраменто Кингс (63 гласови) и Шпанецот Вили Ернангомес од Њујорк Никс (44 гласови).