Владеачката коалиција (СДСМ – ДУИ – АА) со договор за албанскиот јазик

Косовската агенција DTT-NET која објавува вести на англиски јазик поврзани со Западниот Балкан и енергетски теми тврди дека македонските владеачки партии имаат договор за усвојување на закон за официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик во Македонија.

„Македонските владеачки партии (СДСМ, ДУИ, АА), се договориле принципиелно во Собранието да испратат предлог закон кој што предвидува поголема употреба на Албанскиот јазик но постои скептицизам дали Социјал – Демократите на премиерот Зоран Заев ќе го одржат своето ветување за Август како краен рок за усвојување на законот на кој инсистираат албанските партии“, се вели во веста на косовската агенција.

ДТТ-НЕТ е комерцијална независна новинска агенција која важи за блиска на Меѓународните мисии на Косово. Формирана е во 2005 година а се занимава информирање во врска со процесот на проширување на ЕУ.