Неколку децении по паѓањето на Берлинскиот ѕид, автомобилите произведени во некогашната Источна Германија веќе не се третираат со потсмев.

Некогашниот бучен пластичен „трабант“ кој стана еден од симболите на некогашната социјалистичка држава веќе не е ефтин, а вљубениците во автомобили се подготвени да платат 3.300 евра за такво возило, без разлика на состостојбата, додека цената на  ремонтираните и обновени „трабанти“ се движи над 8.000 евра.

До 1990 година биле произведени 2,8 милиони возила од овој тип, а трабантот беше најраспространето возило на патиштата на ДР Германија.

Интерес има и за класичниот „вартбург“ кој станува се поскап на пазарите за половни возила.

И покрај „возраста“ на автомоблите, резервни делови за овие автомобили има во изобилство.

Класичниот „вартбург 311“ е многу редок и ценет примерок.

 

Цената на „вартбург 312/1“ е над 10.000 евра.

Меlkuѕ Соuре RЅ 1000 e eдинcтвeнaтa cпopтска ĸoлa, произведена во Источна Германија во периодот од 1969 до 1972 година и со сила до 70 коњски сили.

Секој примерок од овој автомобил чини над 65.000 евра.