„Поддавањето рака за помирување не значи амнестија. Помирувањето или опростувањето е човечка особина и големина“ реагираше на фејсбук министерот за дијаспората Едмонд Адеми, откако медиуми протолкуваа дел од денешното обраќање на премиерот Зоран Заев во парламентот како нудење амнестија за обвинетите поврзани со настаните од 27 април.

Во тој контекст тој се дообјасни:

„Папата Јован Павле Втори, му прости на својот атентатор , но тоа не го амнестираше Ахмет Али Агџа од одслужување на затворската казна.

Обидот за атентат беше во 1981 година, од затвор излезе 2010 година.

Така е и сега“ напиша министерот Адеми на Фејсбук.

SHARE

Comments are closed.