Адвокат нуди правна помош за измамените музичари од владата, се собираат и донации

Откако повеќе артисти кои што треба да настапат утре на владината прослава по повод поканата за влез во НАТО објавија дека не знаеле што потпишуваат и дека сега мора да ги почитуваат договорите адвокат од Скопје им нуди бесплатна правна помош за нивно раскинување.

Адвокатот Јанаки Митровски отвара и сметка за донации и сам донира пари со кои треба да им се покрие штетета на измамените артисти лои тврдат дека не знаеле дека потпишуваат за настап на владина или партиска прослава на покана за влез во НАТО.

“Повеќе артисти се јавија дека биле во заблуда, или на некој начин не знаеле во што се впуштаат кога потпишале договор за прослава на некаква си покана за НАТО.Заблуда, согласно законот за облигациони односи, е основ за раскинување на договор.Му нудам на секој артист pro bono правна помош доколку сака да го раскине договорот.Доколку треба артистите да плаќаат пенали поради тоа, фер е да се помогне.И тоа прво од оние што сте најгласни.Отвараме сметка и донираме пари за таа цел.Јас прв донирам”, вели адвокатот Митревски кој на сите “измамени” им порачува : Артисти охрабрете се, можеби ке изгубите еден хонорар ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме.

1 Коментар

Оставете Коментар