Адвокатот на Трамп договорил средба со Порошенко за пари

Личниот адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, Мајкл Коен, примил тајна уплата од најмалку 400 000 американски долари за да договори средба на украинскиот претседател со Доналд Трамп, наведуваат извори во Киев, пренесува Би- Би- Си.

Плаќањето го извршиле посредници, кои работеле за украинскиот лидер Петро Порошенко, иако Коен не е регистриран како украински лобист, како што е пропишано со закон.

Средбата во Белата куќа се одржала во јуни минатата година. Набрзо по враќањето на Порошенко во Украина, локалната антикорупциска агенција ја прекинала истрагата против Пол Манфорт, поранешен шеф на кампањата Трамп. Висок украински разузнавач опишал што се случило.

Имено, украинската регистрирана лобистичка куќи и амбасадата не може да организира нешто повеќе од една кратка средба и сликање со Трамп, а на Порошенко му требало нешто што „ќе изгледа како разговор“. Како посредник послужила една еврејска хуманитарна организација.

Би- Би- Си наведува дека нема индикации дека Трамп знаел за оваа исплата.

SHARE