Агатангел до Мицкоски: Помогнете им на Македонците да се спасат од самоуништување

Одговорноста за ова што ни се случува е сечија, ова е ноторен факт. Но, факт е и тоа дека и покрај сите притисоци, закани и уцени. самосвеста и нагонот за преживување на македонскиот народ е на високо и завидно ниво, смета Владиката Повардарски, Агатангел.

Единственото нешто кое во моментов му фали на народот е чесно и искрено водство, кое ќе ги спои и сублимира народните повици, а потоа правилно ќе ги здружи, насочи и генерира во моќна и незаобиколна сила и енергија која ќе го крепи и во иднина ќе му биде пулсот во крвотокот на Македонецот.

„Вие, г. Мицковски, ја имате таа шанса и таа историска одговорност, да бидете водачот на народот, кој без патетично калкулирање и политизирање, ќе застанете во првите редови на македонскиот национален непокор. Македонскиот народ во моментов нема многу опции на располагање. Нему му преостанува единствено можноста самиот да се организира и да го спречи обидот за негово целосно уништување“, повика Владиката.

Владиката Агатангел констатира и дека по поминати 125 години од основањето на ВМРО, македонскиот народ сè уште е емотивно поврзан со идеите, залагањата и дејствувањето на првенците на оваа семакедонска организација. ВМРО е цврстиот темел и основниот носечки столб на целокупната национална борба за македонската правда и вистина.

SHARE

Comments are closed.