Ахмет: Кој се опарил овде ако Грција имала таен фонд за Македонија

– Ако Грција користела тајни фондови во преговорите за името основното прашање кое се наметнува е дали некој од Македонија се офајдил од овие пари, прашува новинарот Ердем Ахмет.

Прашањето на новинарот и аналитичар доаѓа по извештаите од Атина дека Грција односно министерот Коѕиас користеле 45 милиони вреден таен фонд кој се користел и за спорот за името.

Во минатото македонската јавност беше информирана дека за возврат од Грчки смужби за попустливост на високи државни претставници во Скопје им биле нудени куфер со милион долари и артефакти со непроценлива вредност.

SHARE