Ахмети: Без НАТО и ЕУ македонскиот идентитет нема да опстои

Идентитетот на нашите сограѓани Македонци и на самата Македонија тешко дека ќе опстојат надвор од НАТО и ЕУ, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети во синоќешното интервју за приштинската ТВ Клан.

Тој е убеден дека сите Албанци ќе гласаат „за“ на референдумот и тоа нема негативно да влијае кај националистичкиот дел од македонската страна.

„И Македонците се уморни од блокирањето на интеграцијата на земјата, така што атмосферата генерално е позитивна“, истакнал Ахмети како што дознава „Сител“.

На новинарско прашање зошто Албанците ги интересира името на Македонија, Ахмети рекол дека на 30 септември со гласање на референдум ќе се решава иднината на земјата.

Зворувајќи за законот за јазиците, Ахмети рекол дека албанскиот е официјален во Македонија и тоа ќе се конкретизира по референдумот.

SHARE

Comments are closed.