Ахмети го разби главниот аргумент на СДСМ против ВМРО

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисија на ТВ 24 Вести уништи еден од главните аргументи на неговиот коалиционен партнер СДСМ во борба против опозицијата, со изјавата дека „никој од ВМРО-ДПМНЕ никогаш не побарал каква и да било амнестија“.

Еден од главните аргументи на владеачката СДСМ во препукувањето со својот политички противник, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше дека сегашниот лидер на опозиционерите, но и целото потесно раководство, никогаш не биле заинтересирани да преговараат за било што и ќе прифателе се’, само ако добијат амнестија за екс-премиерот Никола Груевски и останатите обвинети поранешни функционери на партијата.

„Не, не бараше ниту Никола Груевски, ниту Христијан Мицкоски од мене ниту амнестија, ниту некоја друга олеснителна околност. Мицкоски бараше да не се употребуваат двојните стандарди преку изборниот процес. И Груевски истото ми го има речено, дека треба да се постапи по правото, доколку се прекршени законите, тие ќе одговараат пред правдата. Не сакаат реваншизам ниту да се употребуваат двојни стандарди во оваа држава“, објасни Ахмети.

SHARE