Ахмети најави операција „Албанска дијаспора на референдум“

Loading...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа најави повторување на масовното гласање на албанската дијаспора од локалните избори во 2014 година, кога Струга и Кичево добија градоначалници Албанци.

Ахмети вчера изјави дека очекува албанската дијаспора да се вклучи во гласањето на референдумот за договорот со Грција за решавање на спорот за името.

„Дијаспората е одговорна и свесна за да учествува и ќе се организира активно да биде учесник на референдумот, за да ја запечати евроатлантската иднина на нивната земја и држава“, рече Ахмети.

На прашањето дали очекува масовно учество на Албанците од дијаспората на референдумското изјаснување, Ахмети, повикувајќи се на поддршката од над 90 проценти за стратешките цели, вели дека несомнено оти Албанците масовно ќе одговорат на референдумот за да се зачлени нашата земја во ЕУ и НАТО.

„Мислам дека политичките партии ќе работат и ќе ги мотивираат Албанците да гласаат за овој процес. Ова е незапирлив процес што ќе продолжи и понатаму, бидејќи луѓето бараат подобар стандард, подобри животни услови, работни места“, изјави лидерот на ДУИ.

 

3 Коментари

  1. Ахмети, ако не ја сакаш оваа држава и на ја почитуваш, ОДИ И ЖИВИ во некоја ДРУГА ЗЕМЈА!
    Ако сакаш војна ќе добиеш војна!!!

Comments are closed.