Ахмети од Илир Мета добил поддршка за решавање на спорот со името

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тирана добил поддршка од албанскиот претседател за решение на спорот со името со соседна Грција.

Претседателот Илир Мета на Фејсбук објави дека „на срдечна средба го пречекав лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Одлучните и неуморни напори на ДУИ и на албанскиот политички фактор за конечно решение на спорот меѓу Македонија и Грција заслужуваат максимална поддршка, затоа што го забрзуваат членството на Македонија во ЕУ и заслуженото место во НАТО“.

Ахмети во Тирана учествувал на утринска молитва на која имело претставници од 15 земји од Европа, а меѓу нив бил и спикерот на македонскиот парламент, Талат Џафери.

1 Коментар

  1. Албанците Не се мешајте во НАШИ МАКЕДОНСКИ работи! Ова Не е Ваша Борба!

Comments are closed.