Ахмети прозборе македонски

Лидерот на Демократската унија на Албанците Али Ахмети, првпат по 16 години на македонската политичка сцена, проговори на јавен настап на македонски јазик.

Во обраќањето во рамките на кампањата „За“ до жителите на општина Пласница,претежно населена со Македонци-муслимани, Ахмети ги повика сите да излезат заедно и да гласаат за европска Македонија.

„Ако сакаме да имаме подобра иднина за идните генерации и добри меѓуетнички односи, економски развој и напредување на сите полиња, тогаш друга алтернатива или друг план осевн референдумот нема“, им порача тој на жителите на Пласница, придружуван од градоначалникот Исмаил Јаоски.