Ахмети се сретнал со Мицковски по референдумот!?

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми ја потврди средбата на лидерот на неговата партија, Али Ахмети со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. 

„Претседателот Ахмети оствари средби со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски. Овие состаноци се одржани по референдумот и во овој момент толку можам да кажам. Бараме и инсистираме на тоа дека решенијата не се исцрпени, се надевам дека во ВМРО ДПМНЕ има одговорни и визионерски фигури“, вели Џеват Адеми, пратеник на ДУИ во гостување на „Алсат М“. 

Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, кој исто така гостуваше во емисијата „Патот кон“ на ова ТВ потврди дека првично средбите почнале со пратениците за да се види нивната подготвеност, а потоа, во случај да е потребно, тие инстанци ќе се зголемат.