Македонскиот претставник „Ај Кју“ ја почувствува сцената на која ќе се одржи годинашната „Песна на Евровизија“ во Лисабон, на која ја имаше својата прва проба во пресрет на полуфиналниот настап на 8 мај.

Марија и Бојан звучеа добро во изведбата на „Изгубено и најдено“ на сцената обоена во бело и во розово, на која ги придружуваа три танчерки облечени во црно.

„Ај Кју“ ќе настапа 11. во првата полуфинална вечер следниот вторник, кога ќе се обидат да ја прекинат црната серија на Македонија од пет изданија на „Евросонг“ во кои не избори финале.

Единствениот пласман на Македонија во првата половина од табелата го имаше Елена Ристеска со песната „Нинанајна“ во 2006 година, кога го освои 12. место.

 

Оставете Коментар