Loading...

Македонскиот претставник „Ај Кју“ попладнево ја имаше и својата втора проба на сцената во Лисабон на која на 8 мај ќе се обиде да го прекине петгодишниот пост на Македонија и да се пласира во финалето на 63. „Евросонг“.

Сите 19 учесници во првата полуфинална вечер во вторник денеска имаа по 20 минути за да го извежбаат својот настап.

„Ај Кју“ ќе ја изведат песната „Изгубено и најдено“ како 11. во првото полуфинале. Второто е на 10 мај.