Академик Камбовски пред нова скандалозна ситуација

Екс претседателот на МАНУ Владо Камбовски се соочува со нов скандал откако без согласност од целата академија и соодверните структури во неа го прогласил договорот со Грција како добар за Македонија.

Камбовски во поканата за научната конференција што ќе се одржи идната недела без да се консултира со МАНУ и без да ги сочека резултатите од собирот, вели дека договорот не прави никаква штета за земјата.

Камбовски кој е претседателот на Центарот за стратешки истражувања при МАНУ во однапред подготвениот заклучок вели:

“1.Со Спогодбата НЕ СЕ ЗАГРОЗУВААТ НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА, односно дека значењето кое им е дадено соодветствува со ВЛАДЕАЧКИТЕ СТОЈАЛИШТА НА МАКЕДОНСКАТА НАУКА И СО НАУЧНАТА ПОЗИЦИЈА НА МАНУ содржана во нејзините до сега објавувани студии за спорот околу името на државата

2. Со спогодбата НЕ СЕ ЗАГРОЗУВААТ НИТУ ИСТОРИСКИОТ И ПРИРОДЕН МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО И ИДЕНТИТЕТСКИ СТАТУС И ПОСЕБНОСТ НА НЕМНОЗИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

“Националната катастрофа е во тоа што во самата покана на конференцијата се даваат вакви заклучоци иако за нив не е разговарано во соодветните тела на академијата”, коментираат за expres.mk извори во МАНУ кои инсистираат на анонимност.

Академиците Катица Ќулафкова, Митко Маџунков и Блаже Ристески беа меѓу потписниците на писмото на кое се потпиша и Милан Кундера а во кое договорот со Грција беше прогласен за штетен.

13 Коментари

  1. Се забранува да го користи краткото име Македонија. Вестите @euronews укажуваат дека терминот ‘Macedonia’ може да се користи само за/од Грција, како што се пропишани.

  2. Едно големо БРАВО за тој што го напишал текстов. Според него, Ќулавкова, Маџунков и Ристески можат да кажуваат да кажуваат свои ставови „иако за нив не е разговарано во соодветните тела на академијата“, а Камбовски не може! Уште еднаш БРАВО!

  3. Договорот од Преспа покажува дека со Грција НЕ ПОСТОИ решение на проблемот! Решението мора да се бара во признание на уставното име во ООН!

  4. Камбо е контрадикторен, пред една година кажа НИКАКО erga omnes “се менува идентитет”, а сега вика се е во ред, идентитетот “НЕ СЕ МАНУВА”?? Кој Камбо да го земеме сериозно, првиот или другиот?

  5. Има ли ДОБРО и од Преспанскиот договор!? Кога ќе поминат „пречките”, според Спогодбата-Договорот обврската на Македонија е да ги ИЗВЕСТИ 191 држава-членка на ООН дека сме од сега па натаму : „Северна Република Македонија”!!

    И во тој момент претседателот Иванов ќе биде ставен пред СВРШЕН ЧИН! Сакаш-нејќеш мораш да го пратиш контра-писмото до ООН до 191 држава-членка на ООН и Генсекот дека мие и натаму сме Република Македонија!!

    Е па драги моји, од тој момент, кога до ООН Иванов праќа писмото дека ние и натаму сме Република Македонија, а не сме Северна Република Македонија, сакаш-нејќеш почнува процесот за ПРИЗНАВАЊЕТО на уставното име Република Македонија во ООН.
    Со други зборови, по сила на околностите, почнува процедурата која подетално е објаснета од И.Ј.

    И нема бегање од тоа!

Оставете Коментар