Академик Ќулафкова за Заев: Ограничен ум и безгранична власт

Академик Катица Ќулафкова со катаклизмичен коментар за тоа што и се случува на Македонија.

“Безгранична е моќта на ограничениот ум кој има неограничена власт. За една година ќе го сруши она што е градено со векови.

Некогаш неоформената национална свест, денес е деформирана и поткопана, за жал. Не само од пропагандите од надвор, туку и од внатре”.

Ќулафкова не прецизира на кого се однесува нејзината забелешка но логично е дека се однесува на власта на премиерот Заев кој што со сите сили и покрај неуставноста со помош на странци се обидува да го смени името и да го загрози идентитетот на Македонците граден со векови од стотици генерации.

Освен владата Заев и неговата коалиција контролираат и над 90 % од општините во Македонија.