Аки Рахимовски имал полесен мозочен удар

Loading...

Групата „Парни Ваљак“ на нивната  официјална Фејсбук страница објави дека сите концерти на групата ќе бидат откажани откако членот на групата, Аки Рахимовски, доживеал помал мозочен удар.

„За жал, привремено ги откажавме сите концерти“, стои на профилот на групата.

„Иако тој сега се чувствува подобро треба да малку да усдпори и да се фокусира на закрепнување. Ние многу сериозно ја сваќаме нашата работа многу ретко ги разочаруваме илјадниците меѓу вас кои се радуваа на претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, стои на постот на групата „Парни ваљак“, како што пренесува Индекс.хр.