Ако е точно тоа што го кажува, Македонија нема премиер туку супермен

Ако е точно тоа што го кажа како изјава за српската редакција на ББЦ премиерот Заев секојдневно во просек пишува по една порака на секои 21,8 секунда.

Тој предходно изјави дека секој ден одговара меѓу 3 и 5,000 пораки од граѓани.

“Одговарам на три до пет илјади пораки дневно. Тоа значи дека сум во тек со сите проблеми а тоа е предноста на малите земји. Знам дека расположението во земјата е позитивно. Прашање е дали на гласањето ќе излезат доволен број на луѓе, затоа што на референдум не излага иста бројка на луѓе како и на изборите“, посочи Заев за ББЦ.

Одговор до граѓани на секоја 21,8 секунда Заев дава ако се пресметува средната вредност од неговиот одговор. Ако се земе максималната вредност од 5000 пораки одговорени дневно тогаш резултатот е уште поневеројатен односно еден одговор на секои 17,28 секунди или речиси 4 одговори во минута.

Во интервјуто Заев не вели дека одговорите ги дава владата или неговиот кабинет туку тој лично што е крајно збунувачки ако се знае дека премиерот секојдневно има десетици средби, спие, јаде, во недела вози мотор а често патува и надвор од земјава.

Вообичаено еден човек во 8 часа работно време може да прочита, најде и напише одговор за десетина прашања што значи дека дневно може да одговори на максимум 80 прашања ако се тие банални.

Ако се тие комплицирани и треба да се бараат одговори од владини служби и органи тогаш реално еден човек може да одговори на најмногу 2 до 3 на час или дваесетина дневно.

За сериозно да се одговори на 5000 пораки дневно потребен е тим од најмалку 250 луѓе што значи дека на премиерот му се малку сите негови седумдесетина советници односно дека целиот владин секретаријат работи само на одговарање на прашања од граѓани притоа оставајќи ги сите други важни државни работи настрана.

SHARE

Comments are closed.