НАТО има намера да ја упрости бирократијата со цел побрзо за да ги преместува копнените сили на територијата на ЕУ , објави Спутник.

Целта е да се создаде еден вид „европски воен шенген“ а  меѓу иницијаторите на оваа идеја е и холандскиот министер за одбрана Анк Бајлевелд, која смета дека силите на НАТО треба да имаат слободен премин низ сите на европските граници, со цел побрзо да одговорат на „руска агресија“.

Во случај оваа иницијатива, која е спомената пред повеќе од еден месец, се реализира, како што пренесува британскиот весник „Тајмс“, силите на Алијансата, вклучувајќи луѓе и технологијата, ќе може да се префрлат од било која точка на Европа на источните граници за максимум пет дена, наместо сегашните 40.

Според „Тајмс“, лидерите на земјите-членки на НАТО, наводно, ќе разговараат за ова прашање на Самит што ќе се одржи денес и утре во Брисел.

1 Коментар

Оставете Коментар